БЛОГ

ЗОШТО Е ВАЖЕН БРЗИНСКИОТ ИНДЕКС?

Индексот на брзина е впишан на секоја гума после ознаката за тежинскиот индекес, на надворешната страна на гумата.  Што претставува овој индекс?

Ознаките на индексот во табелата подолу ги прикажуваат перформансите на гумите во однос на брзината:

Индексот на брзина покажува која е максималната брзина што може гумата да ја издржи со дозволено тежинско оптеретување.

Брзинскиот индекс не ја означува само брзината, тој се однесува и на комфорот при возењето, контактот со подлогата, трошењето на гумата и перформансите во кривина.

При набавката на нови гуми, задолжително следете ја препорката на производителот на возилото.  Кога се специфицираат параметрите на гумата, производителот на возилото прави пресметка врз основа на силата на моторот, тежината на возилото, носивоста и други параметри со кои што се обезбедува безбедноста при возење.

Брзинскиот индекс се добива со лабораториски тестирања на гумата која што мора да демонстрира дека може да издржи одредена брзина при различен тип оптеретувања.

Затоа кога купувате гуми за Вашето возило треба да изберете гума со соодветен брзински индекс.  Тогаш можете да бидете сигурни дека Вашата гума нема да се оштети или потроши заради брзината, а Вие ќе бидете безбедни.  Можете да земете гуми со повисок брзински индекс, но никогаш не монтирајте гуми со помал индекс од препраката на произведувачот.

Доколку имате гуми со различен брзински индекс, што секако не е препрачливо, тогаш ставете ги гумите со понизок брзински индекс на предните тркала, со што ќе спречите потенцијално извртување.

Индексот не важи доколку вашата гума е потрошена или оштетена.  Затоа секогаш внимавајте на рокот и истрошеноста на Вашите гуми, а со цел Ваша сигурност и сигурност на другите патници во возилото.

НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПОСТИГНАМ ТАА БРЗИНА, ЗАТОА ИНДЕКСОТ НЕ Е БИТЕН

Логичен изгледа заклучокот дека овој индекс не важен, бидејќи возилото никогаш нема да ги постигне тие брзини;  повеќето, дури, не се ни дозволени на нашите патишта.  Но, не заборавајте дека гумите со повисок брзински индекс се појаки и поиздржливи, што значи дека индексот не означува само максимална брзина.

Гумите со висок брзински индекс содржат повеќе и поцврсти платна (оттука и цената им е нешто повисока), што значи дека ако гумата има повисок брзински индекс таа исто така би била и поиздржлива за удари во дупки и тротоари појади додадената јачина. Затоа, честопати инвестицијата во вакви гуми – не е за потценување.