ФАКТ #1:

Само летните гуми обезбедуваат оптимални возни својства во лето

Летните гуми се нарекуваат летни, затоа што се идеални за топло годишно време.  Ова објаснување можеби звучи банално, но има комплексна заднина.  Профилот на летните гуми е проектиран за оптимално потиснување на водениот слој при влажен пат, а гумената смеша е многу потврда во споредба со зимските гуми.  Причина за тоа се екстремно високите температури на коишто се изложени летните гуми.  Од една страна, асфалтот силно се загрева од сонцето, а од друга страна гумата се загрева под дејство на постојаното триење, особено при високи температури.  Цврстата смеша има за цел гумата да ги издржува високите температури, a да не се троши прекумерно и првенствено да обезбеди кус пат на сопирање.  Затоа, при температури повисоки од 7 степени летните гуми имаат:

  • Покус пат на сопирање на сув и влажен коловоз
  • Помало абење и подолга трајност на гумите
  • Пониска потрошувачка на гориво
  • Подобро потиснување на водата на патот

Секако дека е погрешно зимските гуми да се користат во лето, затоа што тие се проектирани за ниски температури и за снег на патот.  Патот на сопирање на сув и влажен пат со зимски гуми е значително подолг при летни температури во споредба со летните гуми.  Од правилниот избор на гуми зависи дали возилото ќе запре при опасност или застој на патот, или ќе се случи најмалку посакуваното.

ФАКТ #2:

Возењето зимски гуми во лето ќе Ви ги потроши побргу гумите, а со тоа и парите

При температура од околу 20 степени, абењето на гумите за цела сезона е десет проценти повисоко наспроти летните гуми, а кај зимските гуми за дури 15 проценти.

ФАКТ #3:

Возните својства на гумата зависат од нејзината состојба – проверете!

Притисокот на воздух, длабочината на профилот, староста на гумите и евентуалните оштетувања од налетување во тротоар и слично, како и пукнатините и испакнувањата се фактори што влијаат врз безбедноста.  Доколку гумите се во лоша состојба, тоа може во најлош случај да предизвика и незгода.  На крајот, секоја гума е добра толку колку што се одржува.  Тоа важи и за гумите што постигнуваат највисок пласман на тестовите.  Не треба да се заборава на резервното тркало. Правилото е: Притисокот на гумите треба да се проверува при секое второ полнење на резервоарот, односно приближно на секои 1.000 километри.

ФАКТ #4:

Добриот избор на гуми е пресуден за безбедноста

Кусиот пат на сопирање е најважен критериум за безбедноста. Тука најмногу се разликуваат добрите и лошите гуми.  Евтините гуми од непознати производители од Азија е најдобро да се избегнуваат.  На тестирањата се покажа дека автомобил со такви гуми пролетува со 44 километри на час на местото каде што истиот автомобил со квалитетни гуми веќе запрел по околу 50 метри, додека евтините гуми „запираат“ дури десетина метри подоцна.  Поради тоа, ниската цена на гумите не треба да претставува пресуден критериум при изборот.