Ако се прашувате што е “зимска опрема,” да ги тргнеме дилемите:

– За моторните возила со најголема дозволена маса до 3,5t задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm, а ако имаат летни гуми со 4mm длабочина на шарата, обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
– За моторните возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.
– За моторни возила чија најголема дозволена маса надминува 3,5t задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm, а ако има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, треба да има и соодветни синџири за снег.

Непоседувањето зимска опрема, особено во случај на сообраќајна незгода, може да се третира како “технички неисправно возило,” со оглед на тоа што возилото не ја поседувало потребната техничка опрема.

Доколку немате зимски гуми на возилото, не двоумете се да побарате понуда!   Доколку буџетот е проблем – нудиме можност и за плаќање на рати, преку голем број синдикати со кои имаме склучено договори или брзо и едноставно преку Iute кредит.

Зимска гума Goodyear UG9