ЗАКАЖУВАЊЕ СЕРВИСНИ УСЛУГИ

Промена на гумите обично се препорачува кај:  летни гуми – 2 mm длабочина на профилот;  гуми со ултра високи перформанси – 3 mm длабочина на профилот;  зимски гуми – 4 mm длабочина на профилот.
Во нашиот VULCO сервис во Скопје, населба Автокоманда, ќе добиете професионална промена на гумите, и 50% попуст за сите нови гуми купени од кај нас!
Едно од најнепријатните чувства кое може да го доживее возачот во тек на возењето – се вибрациите на воланот и рачката на менувачот.  Тие ја намалуваат концентрацијата на возачот и ја загрозуваат неговата безбедност, а најчеста причина за нив – се неизбалансираните тркала, а се јавуваат обично при поголеми брзини.  Но, до вибрации може да дојде и на 30-40km/h.  Непријатното чувство, за жал не е единствената последица од оваа појава, туку – таа доведува и до оштетување на гумите, лежиштата, амортизерите, упорните спони, пригушувачките блокови, и други делови, чија поправка не е ни ефтина, ни едноставна.
Балансираните гуми рамномерно се трошат, се спречуваат споменатите проблеми, а се намалува и потрошувачката на гориво.  Балансирањето претставува процес на урамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на баланс тегови.
Доколку се сомневате дали на Вашите гуми им е потребно балансирање, Ве охрабруваме да не ја одложувате проверката!
Балансирање се препорачува секогаш кога се монтира гума на тркалото.
Зошто е поправката важна?
Ако возите со гума која непрестано испушта воздух, или е пробушена, многу е важно што побргу да ја прегледа стручно лице – не само поради Вашата лична безбедност, туку и поради тоа што дури и многу кратко возење со пробушена гума, како последица може да има – целосно уништување на гумата.
Нашите сервисери ќе ја прегледаат оштетената гума, и ќе Ви кажат дали таа може да се поправи, или мора да се замени со нова.
Поголемиот дел убоди, до должина до 0,64cm можно е да се поправат, доколку оштетувањето на гумата се наоѓа на газечкиот слој на гумата.  Со поправката – ќе го спречите понатамошното оштетување на гумата и ќе го одржувате притисокот во гумата на вредност која е препорачана од производителот.
Поради состојбите на патиштата, или други околности, поголем дел од автомобилите имаат барем малку оштетени бандажи.  Оштетениот бандаж нема правилен облик, и со самото тоа не е балансиран и е опасен за возење, бидејќи може да пукне при следното поголемо оптеретување на истото место.  Освен тоа, доведува до вибрации на автомобилот, а некорегираните вибрации не само што ќе ја уништат гумата, туку можат да предизвикаат и други озбилни оштетувања на возилото.
Затоа, доколку се сомневате или знаете дека Вашето возило има оштетен – искривен бандаж, советуваме што побргу да го решите проблемот така што ќе го однесете за поправка бандажот, а доколку истиот не може да се поправи – ќе набавите нов!