ТРАНЗИТ

ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Основана во 1993 г., на тогаш младиот и сеуште неразвиен пазарен простор во Македонија, ТРАНЗИТ е инспирирана од намерата да ги следи луѓето и компаниите во нивното движење – транзитирање, како неизбежен и секојдневен дел од животот, а со намера да обезбеди материјали кои ги опремуваат возилата со кои се случуваат тие патувања.

ОД ПОЧЕТОКОТ ДО ДЕНЕС

УВОЗ НА НОВИ ГУМИ

Увозите се планираат и прават на неделно ниво – водејќи строга грижа за максимална оптимизација на залихите, за да не се случи непотребно трупање на залихи кои би старееле, а со цел во секој момент понудениот асортиман да обезбедува гуми со најнов датум на производство.

НАШАТА МИСИЈА

Испорачуваме сигурност и безбедност на Вашето патување со нашите квалитетни и премиум брендови на гуми за сите Ваши возила, по одлични цени и услови.

НАШАТА ВИЗИЈА

Да бидеме Вашиот совршен партнер за гуми, кој ги следи Вашите потреби, Ве советува и услужува обезбедувајќи супериорна услуга и квалитет, пресретнувајќи ги и надминувајќи ги Вашите очекувања.

НАШЕТО МОТО

Сакаме предизвици и промени – тие ни помагаат да бидеме подобри!