VULCO е мултинационален франшизен ланец на брзи сервиси кој е дел од концернот Goodyear, на кого му веруваат возачите на автомобили од цела Европа. Распространет е пред сè во Франција, Белгија, Шпанија, Словенија, Хрватска и Србија.
VULCO сервис ТРАНЗИТ нуди повеќе услуги:
- продажба на патнички гуми,
- стручна монтажа и балансирање на гумите на вашето возило,
- поправка (лепење) на гуми,
- исправање на бандажи, и
- “хотел” за гуми, односно чување на Вашите гуми вон сезона.
Сите услуги се извршуваат на брз и професионален начин.
Високиот квалитет и љубезниот персонал преставуваат главна карактеристика на секој сервис на Vulco.
Ексклузивниот носител на франшизата е GOODYEAR, најголемиот производител на гуми во светот со над 28 фабрики и 80.000 вработени.
Сервисот на Транзит во Скопје, населба Автокоманда, e VULCO сервис од 2019г. Во сервисот може да добиете широка понуда на патнички гуми, добар совет или препорака, професионална монтажа и балансирање и фабричка гаранција на купените гуми, која за брендовите од групацијата Goodyear е 3 години.