Дали кога купувате нови гуми инсистирате да бидат од понов датум?
Ако да, веројатно поаѓате од заблудата дека таквите гуми имаат повисок квалитет и перформанси. Продавачите на гуми се веројатно најзаслужните за ширење на овие дезинформации. Автомобилските гуми содржат природна гума која со тек на време ги менува своите својства. Но, тоа не значи по дефиниција дека својствата се влошуваат и тоа рапидно.

Полската асоцијација за гумена индустрија (PZPO) сакала да одговори на дилемата дали гумите чувани подолго во склад губат на перформанси. Во соработка со TÜV SÜD Полска спроведува истражување поврзано со складирањето на гумите. Истражувањето на оваа реномирана инспекциска куќа дава интересни резултати. Според нив, подолгото складиштење на новите гуми не ги намалува нивните перформанси. Напротив!
TÜV SÜD Тестирање постара наспроти понова гума
На барање на PZPO, во март 2021 година, фирмата TÜV SÜD прави тестирање за однесувањето на зимски гуми на влажни површини. Истражувањето треба да одговори: дали правилно складираните гуми го губат својот квалитет со текот на времето?
Потврдено е дека при сопирање на влажна површина, не е важно дали гумите се нови или се од магацин. Најважно е тие да бидат добро избрани, професионално монтирани и правилно складирани.


За да се провери ова во пракса, посетена е патеката на Шкода Автодром Познањ, чија површина е темелно проверена и соодветно подготвена за тестот. Како тест возило во испитувањето се користи автомобил Šкода Scala од 2020 година. Монтирани се напредни системи за мерење за следење на забрзувањето, ABS и патот на сопирање. Зад воланот беше е возач на TÜV SÜD.

При истражувањето се користат зимски гуми од ист производител со исти параметри. Гумите од тестирањето се следните:
– Референтна гума – произведена само неколку недели пред тестот: март 2021г.,
– тестирана гума со датум на производство: средина на 2018г.
Тестовите се спроведени во согласност со постапката за тестирање ECE R117. Задачата на возачот е да забрза до 80 км/ч и нагло да сопре. При анализирање на резултатите во предвид е земен патот на сопирање при брзина од 80 до 20 км/ч.


Видеото од извршеното истражување може да се погледне на овој линк:
https://www.youtube.com/watch?v=ouaXqXrVuhg
Резултати од истражувањето
По анализата на добиените податоци, се покажува дека времетраењето нема влијае врз функционирањето на гумите на никаков начин, напротив – просечниот резултат од тестот, за две и пол години правилно складирани гуми, беше дури и за нијанса подобар отколку за оние директно од производствената линија! – објаснува Пјотр Сарнецки, генерален директор на Полската асоцијација за гумена индустрија – Разликата е толку мала што не влијае на вистинската безбедност на патиштата.
Патот за сопирање на новите гуми е 41,87 m., а на гумите од магацин -е 40,99 m. Ова се необично приближни резултати, а за нијанса во корист на постарата гума!

Заклучоци од истражувањето
- Заклучоците од истражувањето се едноставни. Времето поминато од производството на гумата нема значење.
Клучното прашање е:
– дали е гумата правилно складирана,
– дали е соодветно усогласена со параметрите на автомобилот и
– како е монтирана.
Безбедното возење треба да биде приоритет за секој возач. Ова е носечката идеја на Полската асоцијација за гумена индустрија, која презеде тешка, но исклучително важна мисија – да ги едуцира Полјаците за оптималната употреба на автомобилот, особено гумите.
Затоа правилниот избор, правилното користење и редовната контрола на гумите на автомобилот се основа за обезбедување безбедност на патиштата.
PZPO одлучи да се справи со митовите и полувистините што кружат на Интернет. Притоа го зема најпрвин влијанието од правилното складирање гуми врз продолжувањето на нивниот работен век.
Резултати од тестирањето:
Просечен пат за сопирање на влажна површина при брзина од 85 км/ч.:
„Разликата во должината на сопирањето помеѓу комплети на идентични гуми произведени во 2020 и 2018 година беше помала за 3% во корист на гумите од 2018 година, и покрај двегодишниот период на складирање.“
– Зимски гуми од 2020 година – 41,86 м.
– Зимски гуми 2018 – 40,99 м.

