БЛОГ

Дали и кога е потребна проверка и полнење на авто-клима уредот?

Polnenje avto klima

Дали вашата авто-клима брзо и ефикасно го разладува автомобилот?

Недостатокот на фреон е еден од најчестите дефекти на авто климата. Овој текст нуди одговор на тоа и уште некои други практични прашања поврзани со авто климата. Исправната клима е неопходен услов за комфорно возење на топло време.

Колку често треба да се полни климата?

Кога е неопходно полнење на климата и што друго треба да се прави?

Секое возило, дури и најквалитетните, губи околу 10% гас во клима уредот годишно. При тоа, лошо е и за компресорот на авто климата да гасот биде подолго време под низок притисок.

Полнењето на климата се препорачува на интервали од 1 до 3 години. Притоа, постарите возила, можеби ќе треба тоа да го прават еднаш годишно.
Најдобар увид на состојбата на климата ќе добиете ако го замените филтерот за полен и потоа ја тестирате. Ако климата не работи добро по замена на овој филтер, време е за полнење.

Авто производителите препорачуваат замена на филтерот за полен на секои 10.000км.

Непријатниот мирис е знак дека е потребен темелен третман на чистење со специјални средства.

Кои се индикациите дека е време за полнење на авто климата?

Загубата на гас се манифестира на следните начини:

  • Воздухот кој излегува од вентилацијата со вклучена клима повеќе не е толку ладен како претходно.
  • Кога надворешната температура е висока, климата не може брзо и добро да направи разладување.
  •  Ако од климата доаѓаат непријатни мириси, макар и едвај приметно, тоа е знак дека гасот долго не бил менуван.
  •  Ако се слуша било каков звук на шуштење на воздух. Бучава има кај почесто кај долго несервисирани клими, при повисоки брзини на работење.

ПРОЦЕС НА ПОЛНЕЊЕ

За процесот на полнење се потребни околу 30 до 40 минути. За тоа време нашите сервисери го прават следното:

  • Визуелен преглед на механичките делови на климата,
  • Со помош на специјален уред, целиот гас се отстранува од системот,
  • Со помош на вакуум, машината утврдува дали системот е оштетен некаде и истекува,
  • Доколку нема истекување – се внесува чист гас во системот,
  • Машината печати извештај за контролата на клима уредот и направеното дополнување со фреон,
  • Се тестира работата на авто-климата на сите брзини.

Освен во лето, климата е неопходна и на поладно време. Таа обезбедува брзо отстранување на замагленоста на стаклата во услови на зголемена влажност. Препорачливо е клима уредот да се пушта повремено и во тек на зимата. На тој начин се зголемува притисокот на фреонот во целиот систем, и не доаѓа до одвојување на маслото од гасот и до истекување од системот.

Професионална проверка и полнење на вашата авто клима со најсовремен уред на производителот Robinair (сопственост на BOSH) може да направите во нашиот сервис.  За услуга без чекање, може да закажете на следниот линк.

Сервисот се наоѓа во Скопје, населба Автокоманда, во близина на Скопска Пивара, а ќе го најдете на следниот линк.

Ви посакуваме среќен и пријатен пат во добро разладен автомобил!