ПАТНИЧКИ ГУМИ
АВТОМОБИЛ
Кога треба да ги замените гумите на Вашиот автомобил, се прашувате: како да одлучам кој тип и бренд на гуми ќе го изберам; дали да се раководам од фабрички вградените гуми, или да направам – свој избор?
Гумите кои дошле со Вашето ново возило – се доста добар избор, но дали се најдобрата опција – за Вас?
Тоа е така бидејќи има повеќе фактори кои треба да ги земете во предвид, како на пример – видот на патиштата по кој – Вие – возите, или, на пример – Вашиот личен стил на возење.
Да возите најчесто низ град, а повремено на автопат – е една варијанта; но да возите по патишта со различна површина, како на пример комбинација од селски патишта и автопат – е сосема друга. И брзината на возење е исто така битна – а таа зависи од Вашиот личен стил. Сезоната (летна – зимска) исто така го определува видот на гуми кои би ги избрале, но доколку, пак, поминувате мал број km, во умерени временски услови, можеби ќе одлучите да купите гуми за сите сезони.
И на крајот – но далеку од најмалку важен – е Вашиот буџет. Тој, секако, ќе има голем удел во донесувањето на одлуката за Вашите нови гуми.
Како и да е, Ви советуваме при изборот да се консултирате со професионалци – а тоа, секако, може да го добиете во нашата компанија. Не е неопходно да ги познавате сите детали кои се однесуваат за гумите. Доволно е да знаете по какви патишта возите, каков е Вашиот стил на возење, колку km годишно минувате… а тоа се нешта кои не се премногу сложени!
Ќе ги најдеме вистинските гуми кои одговараат на сите Ваши потреби и околности, како и Вашиот буџет!
SUV
Гумите наменети за SUV возилата се главно потешки и наменети се за возење на повеќе различни видови површини, за разлика од обичните патнички гуми, кои се наменети за возење по асфалтни патишта.
Како што тежината на возилото се зголемува, потребна е поцврста гумена компонента која ќе може да го издржи зголеменото трошење предизвикано од триењето. На пример, еден тркачки автомобил од 900kg користи неверојатно леплива гума за да се прилепи кон патот при вртење, една тракторска приколка користи бетонски – цврста гума која овозможува подолг животен век, а најтешките возила на планетата (возовите) користат метални тркала. Колку е помека гумата, толку подобро се прилепува кон патот во кривини и при кочење, за разлика од поцврста гума.
Гумите за SUV возилата имаат повисоки страни (вертикалниот дел од гумата кој го поврзува бандажот со хоризонталниот дел од гумата – кој лепи на патот), но и подебела гума вградена во страните.
И дезенот кај SUV гумите е поразличен односно направен е така да може да „копа“ и по груби терени, за разлика од патничките гуми чиј дезен е направен така да „се тркала по површината“ на мазен (асфалтиран) пат.
Изборот на најдобрата SUV гума за Вас секако зависи од повеќе фактори: патиштата по кои возите, брзината, тежината на возилото и товарот, сезоната, бројот на поминати km, Вашиот буџет… Не е неопходно да имате стручни познавања за деталите околу гумите – доволни се овие околности и нашите комерцијалисти ќе Ви помогнат да ја донесете вистинската одлука за изборот на најдобрите SUV гуми за Вас.
КОМБИ
Ако имате пикап – возило или комби, Вашиот избор ќе бидат т.н. LIGHT TRUCK (LT) гуми.
Патничките гуми и LT гумите можеби изгледаат слично, но навистина се доста различни.
Патничките гуми не се дизајнирани да носат потежок товар и затоа не би смееле да се монтираат на пикап возила или SUV возила или комбиња. LT гумите се дизајнирани за потешки возила, 3/4t или потешки. Да се користат патнички гуми во услови кога е потребно да се стават LT гуми, може да предизвика проблеми со претоварување. Поради тоа што патничките гуми се дизајнирани со цел да бидат удобни, тие не се толку добри во поагресивни off-road услови, а исто така тие не се ни толку отпорни на дупнување како ЛТ гумите. Појачаните и покрути странични ѕидови на гумата полошо ги апсорбираат ударите, вибрациите и бучавата од патот. Ова може да стане поизразено кај полесните комбиња и пикап-возила, а тоа е и причината зошто користењето на LT гуми се препорачува само за возила тешки 3/4t или повеќе, како и за употреба на полоши (оштетени или неасфалтирани) патишта.
Многу е важно да ја утврдите правилно тежината која треба да ја носат гумите на Вашето комби или пикап возило и согласно неа – правилно да се изберат вистинските гуми. Доколку носивоста на избраните гуми не соодветствува со товарот кој тие ќе го носат, ќе настане предвремено и несоодветно трошење на гумите, а секако – ќе има и опасност од комплетно откажување на гумите, што секако е опасно и по живот. Консултирајте ги нашите комерцијалисти за помош околу изнаоѓањето на вистинските гуми кои ќе одговараат и на Вашите потреби и на Вашиот буџет!
ТОВАРНИ ГУМИ
Товарните гуми се значаен дел од нашата дејност – во своето 25 годишно постоење изградивме и опслужуваме широка мрежа транспортни компании за нивните потреби од товарни гуми. Знаеме дека на транспортерите им е битна достапноста, брзата испорака и флексибилноста – потребно им е да знаат дека ја имаат нашата поддршка за непречено да ја извршуваат својата дејност!
На продадените гуми обезбедуваме фабричка гаранција за квалитетот, а нашиот стручен тим е тука за било какви совети и решавање на евентуални проблеми или рекламации.
ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА
070 305 787, 02 3 117 010, 034 221 060
goran.tasevski@tranzit.com.mk
Јави се




