ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој купувач при користење на формите на нашата веб страница изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за приватност.
Вие може да одлучите да ни дадете одредени Ваши лични податоци преку веб-страницата, и тоа:
име и презиме,
• податоци за контакт (адреса, е-маил, телефон)
• регистарски број на возило
• IP адреса (се зачувува автоматски)
Ве охрабрубаме да НЕ оставате дополнителни непотребни лични податоци, како што е ЕМБГ, во формата за пораки.
Сите вработени во нашата компанија кои се во контакт со вашите лични податоци се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  2. Процес на поставување прашања преку контакт формата и преку Messenger
  3. Како ги собираме личните податоци
  4. Цели за користење на податоци
  5. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци
  6. Пренос на лични податоци
  7. Социјални мрежи и електронска пошта
  8. Приватност на трети страни
  9. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
  10. Промена на политиката за приватност
  11. Како да нѐ контактирате
  12. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ги собираме следните податоци на нашата веб-страница од нашите корисници:
– име и презиме
– email адреса
– контакт телефон
– регистарска табличка на возило
Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање.

Ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за постапување по Вашите барања.
Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

2. ПРОЦЕС НА ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊЕ ПРЕКУ ФОРМА ЗА КОНТАКТ И FACEBOOK MESSENGER

Контакт форма

Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име, телефон, email aдреса, компанија и порака. По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Испрати порака” се наоѓа поле за штиклирање:

“Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ја прифаќам политика на заштита на личните податоци, објавена овде, и се согласувам да бидам контактиран за потребите на одговор на моето барање.”
Процесот на испраќање порака не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира полето, односно не се согласи со политиката на заштита на личните податоци. Доколку корисникот не се согласува со политиката, тој не може да испрати порака преку веб страницата.
Со клик на полето “Испрати порака” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

Facebook messenger

Со цел полесна комуникација со нас, прашање може да поставите и преку копчето Messenger кое го користи вашиот Facebook профил и во кој случај ќе се воспостави комуникација со нашиот кориснички профил на Facebook – Fun page. Во овој случај ние не собираме никакви лични податоци преку форма за лични податоци, туку овде може да го поставите вашето прашање и ние ќе ви одговориме. Доколку во таа комуникација, во некоја од пораките одлучите и оставите одредени лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

Закажување сервисен термин

Со цел планирање и заштеда на Вашето време, нашата веб страна овозможува услуга на закажување термин за сервисни услуги за вашето возило на следниот линк: https://tranzit.mk/zakazuvanje-uslugi-servis/
Во процесот на закажување ги собираме следните лични податоци: име и презиме, email адреса, телефон и регистарска табличка на возило. Истите се потребни за да може да се направи резервација на терминот и истата да се испроцесира. По внесувањето на овие и сите други потребни податоци за резервација на сервисна услуга (тип на сервисна услуга и сл.), пред да се кликне на копчето ЗАКАЖИ, има прашање
„Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ја прифаќам политика на заштита на личните податоци, објавена овде, и се согласувам да бидам контактиран за потребите на одговор на моето барање.“ Закажувањето не може да се изврши без вашата согласност.

3. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци со користење на обрасците достапни на нашата веб-страница, или преку нашата.
Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.

4. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме Вашите лични податоци исклучиво за целта за која сте ни ги дале:

а) Грижа на корисници и одговор на Ваши барања.

Интеракцијата помеѓу нас и Вас, преку електронска пошта или преку Вашиот профил на социјалните мрежи се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку социјалните мрежи или електронска пошта. Ние се обврзуваме да Ви одговориме на сите ваши прашања и нејаснотии, а личните податоци нема да ги користиме за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

б) Закажување сервисни услуги

При закажувањето сервисни услуги, потребни ни се вашите податоци за да се резервира вашето место во временскиот слот којшто сте го избрале и да може навремено да ги подготвиме сервисниот налог, останатите документи и материјали за обезбедување на сервисната услуга во терминот кој сте го одбрале, а за чија подготовка ни се потребни податоци за вас и вашето возило. Вашиот телефон и еmail адреса ни се потребни за контакт во случај да треба да искомуницираме пред вашето доаѓање за консултација околу сервисната услуга, или нејзино евентуално презакажување. Вашиот телефонски број ни е потребен и за овозможување на услугата СМС-известување, којашто се активира со самиот чин на закажување, а којашто опфаќа испраќање неколку СМС пораки и тоа за:
– потврда на направената резервација, со податоци за возило и термин и
– потсетници за направената резервација, со цел навремено доаѓање во закажаниот термин.
Вашиот телефонски број ќе биде употребен исклучиво за споменатите потреби и за никакви други.

5. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

5.1. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери во сопственост на нашиот хостинг провајдер, кои се наоѓаат во Ashburn (Virginia, US) Council Bluffs (Iowa, US) Dallas (Texas, US).

5.2 Рок на чување на личните податоци

Лични податоци кои ни ги имате дадено се чуваат различен временски период, во зависност од законските услови, како и Вашите барања и потреби.
Личните податоци дадени во контакт формите се чуваат во нашата email историја до 3 години, после што се бришат.
Личните податоци дадени преку Facebook Messenger се чуваат согласно правилата на компанијата Meta, која е сопственик на Facebook Messenger. При користењето на нивните услуги (Facebook, Messenger) преку вашиот социјален профил на таа мрежа, вие изјавувате дека се согласувате со нивните политики и услови, и согласно тоа ги користите нивните платформи за комуникација. Личните и сите други податоци разменети преку оваа платформа се менаџираат од страна на компанијата Мета согласно нивните политики и услови.
По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

6. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние не вршиме пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

7. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Со поврзувањето со нас преку социјалните мрежи и е-маил Вие се согласувате дека ни давате дозвола да вршиме интеракција со Вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа и е-маил со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за Вашите прашања и/или дилеми.

8. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

9. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

• право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци

Ова право се остварува на начин што пред пополнување на формите на нашата веб страница, сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

• право на пристап на субјектот на личните податоци

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk

• право на исправка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање за исправка на вашите податоци на е-маил адреса info@tranzit.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 денa.

• право на бришење („право да се биде заборавен“)

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена.

• право на ограничување на обработката

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk

• право на преносливост на податоците

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk

• право на приговор

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk
Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:
– потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,
– потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице
– за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг

• право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса info@tranzit.mk.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци – на следниов e-mail: oficer@tranzit.mk.
Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:

Образец 2: Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците

Образец 3: Образец за барањето за пристап до податоците на субјектот на личните податоци

10. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени во нашите активности, како и развојот на технологијата. Ве молиме проверувајте ги политиките за да бидете информирани при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 24.12.2023 година.

11. КАКО ДА НЀ КОНТАКТИРАТЕ

За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:
– да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата info@tranzit.mk
– со пополнување на контакт формата достапна на нашата веб страница
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци на e-mail: oficer@tranzit.mk
тел. +389 70 305 787

12. КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Агенција за заштита на личните податоци
бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,
тел:++ 389 (2)3230 635
Е-маил: info@privacy.mk
Web: https://dzlp.mk/
Скопје, 24.12.2023