• Како да одлучам кој тип и бренд на гуми ќе го изберам?
• Дали да се раководам од фабрички вградените гуми, или да направам – свој избор ?
Тоа е така бидејќи има повеќе фактори кои треба да ги земете во предвид, како на пример – видот на патиштата по кој – Вие – возите, или, на пример – Вашиот личен стил на возење.
Да возите најчесто низ град, а повремено на автопат – е една варијанта; но да возите по патишта со различна површина, како на пример комбинација од селски патишта и автопат – е сосема друга. И брзината на возење е исто така битна – а таа зависи од Вашиот личен стил. Сезоната (летна – зимска) исто така го определува видот на гуми кои би ги избрале, но доколку, пак, поминувате мал број km, во умерени временски услови, можеби ќе одлучите да купите гуми за сите сезони.
И на крајот – но далеку од најмалку важен – е Вашиот буџет. Тој, секако, ќе има голем удел во донесувањето на одлуката за Вашите нови гуми.
Како и да е, Ви советуваме при изборот да се консултирате со професионалци – а тоа, секако, може да го добиете во нашата компанија. Не е неопходно да ги познавате сите детали кои се однесуваат за гумите. Доволно е да знаете по какви патишта возите, каков е Вашиот стил на возење, колку km годишно минувате… а тоа се нешта кои не се премногу сложени!