Промената на гумите е премногу сериозна активност за да се третира како уште само една работа што одзема време.
Било каква грешка направена во процесот може скапо да го чини тркалото и неговиот сопственик. Невидливата штета може да стане очигледна отпосле, на патот. Притоа – е ризик за Вашата безбедност и живот. Затоа одговорните и професионални сервиси ставаат големо значење на секој детал од процесот на промена на гумите.
Но, како да најдете такви сервиси? Како да знаете дека Вашите гуми се во рацете на професионалци? Како сте сигурни дека услугите за кои плаќате се со висок квалитет?
Ќе Ви помогне следната анализа.
1. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА УСЛУГАТА

Експресната услуга најчесто значи – ЛОША УСЛУГА.
Кога ги променивте гумите напролет, ако во сервисот добивте рекордно кратка услуга, допрва ќе дознаете колку тоа може да ве чини. Ќе го дознаете тоа кога ќе ги промените гумите пред зимската сезона. Сезонската промена на гумите не е лесна и банална активност која се прави за 5-10 минути. Ако и се направи толку бргу, тоа е без пазење и со голем ризик од оштетување на гумите и бандажите.
Професионалните сервиси за промена на гуми не се „пит-стопови“ од Formula 1.
Промената на гумите може да се направи добро, професионално и без оштетување, или да биде ефтина и брза. Или едното, или другото.
Ако некој може да замени сет гуми за неколку минути, тоа значи дека скратил многу важни моменти во целовкупниот процес, загрозувајќи Ве Вас.

Професионалната промена на сет од 16-17” гуми на алуминиумски фелни, со почитување на сите потребни процедури, трае околу 40 мин. Тоа е времетраење за 1 сервисер. Трае 20 минути ако ја прават двајца сервисери.

Една од основните грешки што се прават при брзање е оштетувањето на венецот на гумата. Тоа може да се случи при насилна монтажа / демонтажа. Ваквата грешка може, за жал, да резултира кон комплетен губиток на управливост и контрола над возилото при високи брзини.
Постапките на некои брзачки „експерти“ може да предизвикаат непоправливи деформации на гумите, во кои возачите ги инвестирале своите пари. Притоа се креира ризик работ на гумата да подлизне од бандажот за време на возење.

На брзањето не му е место во професионалните сервиси: поважни се квалитетот и прецизноста.

Нераздвоив дел од балансирањето на тркалото – за жал честопати потценет од страна на полошите сервиси – е чистењето на бандажот кајшто е во контакт со гумата. Од оваа површина зависи исправната монтажа на тркалото. Ако не е исчистена, може да предизвика вибрации, бучава и намалување на комфорот. Мора да се исчисти и местото кадешто биле поставени самолепливите тегови при претходното балансирање. Нема исправна процедура на балансирање ако сервисерот ги прескокне овие чекори.

Скратувањето на постапката користејќи исклучиво пневматски или електричен ударен „пиштол“ со цела сила – за штрафење на тркалата – може да ги оштети бандажите. После ваква „услуга“, ако се случи возачот да има потреба да ја замени гумата на пат – тоа не ќе е можно. Возачот нема да може сам да ги отштрафи штрафовите.
Пристојната сервисна услуга прави само „пред-стегнување“ на тркалото на лежиштето. Потоа се прави затегнување – зацврстување на штрафот со користење на адекватна сила со помош на т.н. „момент-клуч.“
И недоволното подмачкување на гумата при монтажа, може да направи значајна штета. Доброто подмачкување е значајно за правилна монтажа. Може да се направат многу оштетувања поради недоволно подмачкување на гумата и лоша техника.

2. ДОКУМЕНТАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА
Добар сервис го документира секој работен процес. За секое возило постои сервисен налог, со регистарски број на возило, датум и час, кој го направил налогот, што да се сработи итн.
Потоа во него се евидентира кои мајстори го сработуват. На тој начин се врши евиденција на сработеното и контрола при евентуална потреба.
Налогот ја прави целата постапка документирана и транспарентна. Познато е кој што и кога сработел и тоа дава дополнителна тежина на квалитетот на услугата.
3. ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ
Прениските трошоци на замена на гумите може да сведочат само за една работа: сервисот нема професионалци кои примаат соодветен надомест за нивното знаење и искуство. Дополнително, можно е да користат стари, неисправни машини и алати кои се застарени. Ваквата опрема може да ги оштети модерните гуми. Сопствениците на ваквите сервиси честопати не инвестираат во развој на бизнисот и штедат дури и на основно сервисирање на машините. Тоа е така бидејќи знаат дека има група на постојани, редовни, несвесни клиенти кои секако ќе им донесат постојан извор на приходи.
Она што го „заштедуваме“ користејќи ги услугите на непрофесионалните сервиси ќе ни се врати во облик на дефекти на патот и трошоци предизвикани од сообраќајни несреќи.

Добрите сервиси користат квалитетни машини и алати. Нивните вработени – знаат како да ги користат. Автомобилите се менуваат, тркалата се се поголеми и поголеми. Пред неколку години 14-15 инчни тркала беа стандард, сега тоа се 16-17 инчните. Сервисите кои не инвестираат во нови машини и нивно сервисирање и одржување не можат исправно да ги сервисираат гумите и да одговорат на сите барања.
За да ги задоволи барањата на високо професионална услуга, концернот Goodyear го етаблираше франшизниот ланец на сервиси VULCO.
Високиот квалитет и љубезниот персонал се главна карактеристика на секој сервис на Vulco. Прочитај повеќе.
Vulco сервисот ТРАНЗИТ во Скопје, населба Автокоманда, Ви стои на располагање за сите Ваши потреби од гуми и сервисни услуги.