КАДЕ И КАКО ГИ ЧУВАТЕ ВОНСЕЗОНСКИТЕ ГУМИ ?

БИДЕТЕ БЕЗ ГРИЖИ – ПРЕПУШТЕТЕ НИ НАМ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШИТЕ ВОНСЕЗОНСКИ ГУМИ

Не е само немањето простор проблематично – потребно е вонсезонските гуми да се поставени на правилен начин:

Битно е поставувањето на гумите: гумите монтирани на бандаж не смеат да се постават вертикално, а дозволено е да се закачат (да висат) и да се стават хоризонтално една врз друга; гумите без бандаж, пак, не смеат да се ставаат една врз друга, ниту пак да се закачуваат (да висат), туку треба да се постават вертикално, најдобро на специјална полица.

Просторот во кој се чуваат гумите треба да обезбеди тие да бидат заштитени од светлина, масло и штетни хемикалии.

Препуштете ни ја грижата за Вашите несезонски гуми – во нашето складиште несезонските гуми ги чуваме на најсоодветен начин, согласно правилата за чување, којшто обезбедува продолжување на векот на гумите, а Вас Ве ослободува од обврските со манипулација и обезбедување простор за нив.