Изјавувам дека изречно се согласувам моите лични податоци: Име, Презиме, email адреса и телефон да се обработуваат од страна на Трговско друштво за трговија, застапство и инженеринг ТРАНЗИТ ДООЕЛ Богданци во согласност со прописите за заштита на личните податоци, а исклучиво за намената и целта за која ја давам оваа согласност и воедно се согласувам тие да бидат обработени во печатена и/или електронска форма, а за сето наведено изјавувам дека сум претходно информиран на недвосмислен и јасен начин.
Целите на обработката на моите лични податоци за кои ја давам оваа согласност е остварување на можноста да учествувам во играта Тркало на Среќата која ми овозможува добивање на специјален попуст на сервисни услуги во сервисот Vulco на фирмата Транзит дооел, со адреса на ул. Перо Наков бр.1 Скопје, како и можноста да бидам дополнително контактиран во врска со закажување на сервисните услуги предмет на оваа игра.
Изјавувам дека сум информиран за идентитетот на контролорот, целите на обработката, категориите на корисници на личните податоци, задолжителноста на давање на одговорите на прашањата и можните последици доколку не се даде одговор.
Известен сум дека оваа согласност, како и личните податоци кои се обработуваат можам во секое време да ја повлечам, бесплатно и со користење на едноставни средства.