1. Побрзо се трошат во лето.
За all-season гумите да можат да носат ознака дека се соодветни за зимски услови и снег, мора да се направени од смеса која е флексибилна на ниски температури – исто како и зимските гуми. Но таа смеса во лето е претерано мека и забрзано се троши.


2. Побрзо ќе стигнете до под 4mm длабочина, што е законски минимум за зима.
Според македонскиот закон, во зима се бара длабочина на шара на гумата од 4mm. Кога имате 2 сета гуми (зимски и летни), зимските гуми ќе ги возите дупло подолго одошто би ги возеле all-season гумите, бидејќи во лето – ќе ги возите летните гуми. Ако летата се доста жешки, all-season гумите ќе се трошат и уште побрзо. Во даден момент, гумите ќе се потрошат до под 4mm и нема да можете да ги возите во зима, иако за возење во лето сеуште ќе бидат добри.
3. Ќе ги пропуштате контролните проверки, кои се прават со сезонските промени.
Кога правите сезонска промена на гуми (зимски во летни или обратно), посетата на сервис е неминовна; кај all-season гумите, нема потреба од одење во сервис. Но, при посетата на сервисот и промената на гумите – сервисерите ја гледаат состојбата на гумите – нивното нерамномерно трошење може да укажува на проблеми со предницата, потреба за центрирање или балансирање и сл. Ако не се превземат потребните мерки со раните симптоми – кога ќе примети возачот веќе ќе има посериозна штета по гумите. И несоодветниот притисок во гумите предизвикува оштетување на гумите, дури и зголемена потрошувачка на гориво (нискиот притисок).
Со all-season гумите најголем дел од возачите забораваат на посета на сервисот, а со тоа ги губат и сите овие бенефити.

За контролна проверка на Вашите гуми, или информации и совети околу изборот на гуми, може да се обратите во сервисот на тел. 075 222 221, 070 305 787.