ЕКСКЛУЗИВНА УСЛУГА : ОСИГУРУВАЊЕ НА ГУМИ !!!
Знаеме дека не е баш „згодно“, кога една или повеќе гуми на нашиот автомобил ќе се оштетат од надворешен фактор,кој гаранцијата не го покрива!!! Особено е тешко кога гумите сме си ги купиле неодамна и со голем мерак, или пак, ни било напорно да ги платиме!
Во ексклузивна соработка со АД Осигурителна Полиса, на своите купувачи ТРАНЗИТ ДООЕЛ им ја овозможува услугата да ги осигураат своите нови гуми !
Купувачите – правни или физички лица – можат да ги осигураат своите нови гуми, доколку возилото е наменето за превоз на лица, при што покрај седиштето за возачот има најмногу 8 седишта, а чија тежина не надминува 3,5 тони. Мора да бидат осигурени минимум две гуми на иста оска на возилото.
Полисата за осигурување на гуми нуди дополнителна вредност на купувачот, бидејќи овозможува покритие за она што не е покриено со гаранцијата: оштетена гума од шајки и други остри предмети, остри ивици и слични услови на патот, вандализам (нанесена штета од трети лица) и кражба (исклучок е штета од сообраќајна незгода, освен кога причината за неа е оштетена гума).
Осигуреникот, кога ќе настане осигурениот случај, задолжително мора да се јави во Асистентскиот Центар на Europ Assistance Magyarorszag KFT на тел. +389 2 320 40 80 и да го пријави случајот (центарот работи 24 часа дневно / 7 дена во неделата) објаснувајќи го начинот и причините за настанување на штетата. Правото на надомест се остварува под услов помошта да се обезбедува исклучиво од страна на Асистентската компанија, односно Europ Assistance и тоа единствено со претходно телефонско јавување и добивање согласност од Асистентската компанија.
Осигурувањето важи во Македонија и сите европски држави чии национални бироа се членки во системот на зелена карта.
Полисата исплатува штети во износ до 300ЕУР по штетен настан и до 1.000ЕУР годишно вкупно по возило.
Промена на гумите обично се препорачува кај: летни гуми – 2 mm длабочина на профилот; гуми со ултра високи перформанси – 3 mm длабочина на профилот; зимски гуми – 4 mm длабочина на профилот.
Колку подлабока е шарата на зимската гума, толку подобро таа се претставува на снежниот коловоз. Според официјалните спецификации длабочината на профилот треба да е минимално 1,6 mm.