
1. Ние сме познати по „изненадувања“; не очекуваме јаки зими, а кога идат, секогаш сме изненадени. Не биди изненаден, имај си лопата, ракавици и чизми
2. Секогаш чувај во автомобилот стругалка за мраз, лопатка за снег, батериска лампа. Одлична идеја се специјалните спрејови против мрзнење на стаклата!

3. Last-minute-менталитет: не чекај да дојде 15ти ноември за промена на зимски гуми, за да чекаш по најголемите гужви; заврши си работа порано; по можност и со попуст! За да избегнат преоптовареност на работната сила, многу фирми нудат попусти за навремена или предвремена промена на гумите.
За законските прописи за зимски гуми, прочитај на овој линк.

4. Стави си во автомобилот специјална течност за чистење на ветробранското стакло, која не мрзне.

5. Искористи прилика кога времето е потопло да го испереш автомобилот – на ниски температури, може да дојде до смрзнување на вратите и бравите.
6. На ладно време, секогаш имај барем половина резервоар гориво.

7. Контролирај го притисокот во гумите: секои 10°C пад на температурите значат загуба на околу 0,07 бари притисок во гумите. Тоа значи дека промена од 30° значи загуба на 0,21 бари притисок. И обратно! Затоа, проверете! Овие флуктуации не се за потценување. Кај долготрајно возење со неправилен притисок на гумите, тие се оштетуваат, при што фабричката гаранција тоа не го покрива; одржување на правилен притисок на гумите и правилно возење е одговорност на возачот.