Зошто лете се возиме со летни а зиме со зимски гуми ?
- Слојот на газење кај летните гуми, при ниски температури (од 7°C па пониски) станува потврд, па контактот со подлогата е послаб, а патот на кочење подолг.
- Слојот на газење на зимските гуми е помек и овозможува извонреден контакт со подлогата и при ниски температури, но затоа топлиот асфалт лете забрзано се троши.
- Летните гуми треба да се заменат со нови кога длабочината на каналите на дезенот дојде до 3 мм.
- Најмала дозволена длабочина на каналите при зимски гуми е 4 мм.
- Зимските гуми имаат дополнителна ознака M+S (mud and snow = кал и снег), како и ознака снегулка што значи дека ги задоволуваат условите на посебни тестирања во зимски услови.
- Зимските гуми овозможуваат поголема сигурност ако се монтираат на сите четири тркала.
- Употребата на зимски гуми, според законот, е задолжителна од 15 ноември до 15 март, а технички кога температурата е пониска од 7°C .
Како да одберете соодветна гума за вашето возило ?
- При избор на нови гуми бидете внимателни пред се на нивната пропишана димензија, најголемата брзина и масата на возилото.
- Димензиите на гумата се изразени со ширината на пресекот на гумата и големината на бандажот.
Пример:
195/65R15
195 – ширина на гумата во mm
65 – процентуален однос на висината спрема ширината на гумата
(65% од 195mm)
R – гума со радијална каркаса
15 – пречник на бандажот во инчи, 1 инч = 2,54cm
- Гумата мора да биде способна најмалку за онаа брзина за која е способно вашето возило. Ако е тоа нпр.183 км/час , тогаш возилото мора да го опремите со гуми кои дозволуваат брзина од најмалку 190 км/час
- Способноста на гумата за одредена брзина се означува со брзинскиот симбол:
Q- до 160 km/h
S- до 180 km/h
T- до 190 km/h
H- до 210 km/h
V- до 240 km/h
(ZR) (- макс.(>240 km/h))
W- до 270 km/h
Y- до 300 km/h
- Носивоста на гумите мора да ја надминува најголемата дозволена маса на возилото. Ја изразува индексот на носивоста (бројка) запишан покрај симболот за брзина (буква). Бројката којашто е показател за носивост на гумите, стои запишана пред индексот на носивост (пр. 82Т; 82 е показател за носивост), а означува најголемо допуштено оптеретување на гумата при најголемата допуштена брзина на возење, која е искажана со индексот за брзина (во случајот тоа е T- до 190 km/h). Индексот 82 покажува тежина 475kg.
Како сигурно да се вози што повеќе километри ?
- Животниот век на гумите го скратуваат:
– брзите забрзувања
– ненадејните кочења,
– преголемата брзина во завоите,
– брзото возење.
- Гумите го паметеат секој пад во дупка, удар на рабникот, плочникот или на камен. Невидливите оштетувања се акумулираат и ќе се покажат после извесен период, за жал можеби во најнезгоден момент.
- Доколку опасните места не можете да ги избегнете возете споро и под прав агол.
- Почитувајте ја најголемата дозволена носивост, вклучително и притисокот на влечната кука на приколката која ја влече возилото.
Гумите паметат!
Како се одржуваат гумите?
- Воздухот во гумите нека биде со притисок кој го пропишал производителот на возилото.
- Пренискиот притисок во гумите предизвикува истите во тек на возењето премногу да се деформираат и загреваат што може да се заврши со оштетување, секако се зголемува и потрошувачката на горивото, а се намалува животниот век на гумата.
- Проверка на притисокот секои три до четири недели, при ладни гуми.
- Вентилите обавезно да бидат опремени со заштитни капи кои се пред се осигурување од нечистотии.
- Притисокот во резервната гума нека биде за 0,5 bar повисок од пропишаниот.
- Внимавајте на тресењето на возилото. Обично тоа е знак дека тркалото е неурамнотежено, односно не добро избалансирано. Возењето со такво тркало е несигурно, има труцкање, неудобно е, а нагазната површина на гумата се троши забрзано – посетете сервис за да направите балансирање на гумите!
Редовно го проверувајте притисокот на возилото!
При секоја промена балансирајте ги гумите!
- Ако на гумата забележите испупчувања на бокот, зарези или пукнатини, веднаш побарајте совет од стручно лице што ќе ви советува поправка или замена.
Зошто гумите стареат ?
- Гумите стареат заради физичките процеси и кога гумите не се употребуваат.
- После 6 или повеќе години, променете ги гумите.
- Резервното тркало кое е повеќе од 6 години во багажникот употребете го само во крајна нужда.
- Не употребувајте половни гуми, бидејки не знаете каков ,,пат” имаат поминато.
Како се чуваат гумите ?
- Гумите да се чуваат во сув, ладен и темен простор.
- Гумите да се штитат од допир со бензин, нафта и нивни деривати.
- Пред да ги извадите гумите, означете која гума на која позиција се наоѓа, за да можете следната сезона предните гуми да ги ставите на задната, а задните на предната осовина (ротација на гумите). Тоа се прави бидејќи гумите на различни осовини нееднакво се трошат).