Еве како да го зачувате акумулаторот за да има беспрекорни палење на моторот и во најладните денови од годината:
1. Возете!
Акумулаторот којшто не се користи го губи полнењето и квалитетот.
Затоа, возењето е наједноставната работа со која ќе го продолжите векот на акумулаторот. Долгите патувања се поволни за акумулаторот. За време на кратки патувања, алтернаторот не го полни акумулаторот. Кога е тоа можно, направете подолги патувања.



2. Внимавајте со оптоварувањето на акумулаторот во зимски услови!
Нормално е да се вклучува греењето, но на бројни кратки патувања со вклучување на сите вакви опции, акумулаторот нема да може да се полни доволно. Не паѓајте во искушение да го оставите аудио системот и загревањето вклучено додека чекате со изгаснат мотор. Ова може да го потроши акумулаторот исклучително брзо.
Внимавајте со дополнителната опрема.
Акумулаторот го трошат и дополнителни уреди кои исцрпуваат енергија преку запалката или USB – приклучоците. Тие најчесто не се поврзани со главните индикатори на автомобилот. Тоа значи дека системот не сигнализира во случај да заборавите да ги исклучите.
3. Тестирајте го акумулаторот пред почетокот на зимската сезона!
Со тестерот за акумулатор може да провериме како возилото полни акумулаторот, додека возилото работи. Го проверуваме и нивото на полнење – напонот на акумулаторот. Тоа ни овозможува да превземеме соодветни мерки, да ви дадеме препораки за да ви обезбедиме долгорочност на батеријата. Обратете се во сервис кој може да ја направи оваа услуга за Вас.
Vulco сервисот ТРАНЗИТ врши проверки и препораки за Вашиот акумулатор.
Повеќе информации: 070 305 787, 075 222 221
